fbpx

ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ СЕ ОДРЖА СТРУЧЕН СОСТАНОК НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПАТОЛОЗИ

25.12.2023

Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се одржа стручен состанок на Здружението на патолози на тема „Патологија на бубрежни тумори“. Состанокот на кој беа споделени најновите сознанија од областа на бубрежната патологија го следеа над 50 патолози од земјава.

Предавач од „Аџибадем Систина“ беше проф. д-р Вања Филиповски, кој пред стручната јавност ја претстави новата класификација на бубрежни тумори, а дискутираше и за тешкотиите во класификација на онкоцитните тумори на бубрег. Други предавачи беа: асс. д-р Благица Крстеска и асс. д-р Селим Комина од Институтот за патологија.

Ни претставува чест што бевме домаќини на овој едукативен стручен настан каде што беа споделени најновите искуства од областа на бубрежната патологија.