fbpx

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ЈА ПОДИГНУВА СВЕСТА ЗА РАКОТ НА ДОЈКА, ЕДУКАТИВНА РАБОТИЛНИЦА СО ВРАБОТЕНИТЕ НА „ТИНЕКС“

22.10.2019

Едукативната средба со вработените во компанијата „Тинекс“, која е втора што Клиничката болница „Аџибадем Систина” ја одржува овој месец, е продолжување на акцијата на болницата за подигнување на свеста за ракот на дојка. Во октомври, кој е месец посветен токму на оваа болест, „Аџибадем Систина” низ ваква кампања ја зголемува свесноста за женското здравје. Жените кои се вработени во оваа компанија слушаа од врвните доктори специјалисти за важноста од превентивните и редовни гинеколошки прегледи и потребата од самопрегледи на дојка.

На средбата, исто како и на претходната со ракометарките од РК „Вардар“, присуствуваа д-р Гордана Петровска, специјалист по гинекологија и акушерство, д-р Маја Стојчевска-Чапова, специјалист по радиодијагностика, и д-р Лилјана Муратовска, специјалист по нуклеарна медицина. Акцијата што ја спроведува „Аџибадем Систина” има за цел низ едукативни разговори и интеракција да запознае што повеќе жени со актуелната состојба, медицинските практики, но и можностите како секоја од нив може сама да биде свесна за ризикот, да го препознае и да се упати на преглед. Во услови на раст на бројот на заболени, свесноста за здравјето е врвен приоритет и во развиените земји, а Клиничката болница „Аџибадем Систина” како општествено одговорна компанија, на ваков начин дава придонес за намалување на бројот на потенцијално заболени и во нашата земја.

AcibademSistina Vozvrati Silno
AcibademSistina Vozvrati Silno

Едукативните работилници се одржуваат во домашни компании и институции, а на последната, која се одржа во дирекцијата на „Тинекс“ во Скопје, низ разговор се дебатираше за сите дилеми за женското здравје.

Во Македонија има раст на бројот на пациенти со малигни заболувања. На средбата се потенцира дека прегледите не треба да се прават само во октомври, туку редовно. Во Клиничката болница „Аџибадем Систина” има најсовремена опрема за брза и прецизна дијагностика. Болницата располага со врвна технологија, мултидисциплинарен пристап, врвен третман кај пациентите и современ третман.

Во текот на месецов продолжуваме со вакви едукативни работилници.