fbpx

„Аџибадем Систина“ ја поддржа хуманитарната штафетна трка „Подај Рака 2018“ за лицата со Вилсон

22.10.2018

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и оваа година го поддржа четвртото хуманитарно издание на манифестацијата „Подај рака 2018“ за поддршка на лицата со Вилсонова болест

Манифестацијата беше одбележана со традиционална штафетна трка чија симболика е да покаже дека со заеднички сили секогаш можеме повеќе. Тимот на „Аџибадем Систина“ се состоеше од 28 членови поделени во 7 тима. Трката беше од симболична натпреварувачка природа и нејзината главна цел беше поттикнување на социјалната вклученост на лицата кои се засегнати од оваа болест.

Традиционално приклучувајќи се на овој хуманитарен настан, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ имаше за цел да ја подигне свеста на јавноста за Вилсоновата болест и другите ретки болести, како и да охрабри и мотивира што е можно поголем број луѓе на рекреација и севкупно подобрување  на нивното психофизичко здравје.