Вработените во „Аџибадем Систина“ даруваа 181 единици крв

10.10.2018

Клиничката болница „Аџибадем Систина“, во соработка со општинската организација на Црвен крст – Карпош и Институтот за трансфузиона медицина и оваа година реализираa успешна крводарителска акција. Годинава вработените даруваа досега рекордни 181 единици крв.

Преку оваа акција вработените уште еднаш ја покажаа својата хуманост, дарежливост и солидарност. Во акцијата учествуваше и главниот извршен директор на болницата и претседател на Одборот на директори, господинот Јордан Камчев.

„Горд сум што и оваа година ‘Аџибадем Систина’ ја продолжи традиционалната крводарителска акција и што имавме можност повторно да ја докажеме нашата хуманост преку дарување на повеќе од 180 единици крв. Чувството дека сте спасиле нечиј живот, кое на секој кој дарувал крв му е добро познато, е непроценливо, и тоа е всушност главниот мотив поради кој ја реализираме и редовно продолжуваме оваа акција. Среќен сум што сме дел од вакви и слични акции со кои се надевам дека ќе ја инспирираме и пошироката јавност да биде хумана и да спасува животи“ – изјави Јордан Камчев.

Досега „Аџибадем Систина“ еднаш годишно организираше крводарителски акции, кои се масовно поддржани од вработените. Минатата година беа донирани 160 единици крв, а успешната акција продолжи и годинава. Од следната година, со цел да придонесеме во спасувањето на животи преку дарување крв, предвидено е да се организираат две крводарителски акции годишно.