fbpx

19 години „Мала Богородица-Систина“

21.09.2020

AS Godini Sistina Post

Денешниот ден е посебен за сите нас кои сме дел од успешната приказна на „Систина“.

Горди сме и среќни што низ годините заедно растевме и професионално се надградувавме за да можеме да ја понудиме најдобрата грижа за здравјето! Се потсетуваме на нашите скромни почетоци и на сите вас заради кои „Систина“ 19 години заслужено е на врвот… Даваме максимална почит за луѓето кои се заедно со нас од самиот почеток, кон колегите кои беа дел од „Систина“ и кон оние кои во моментов се дел од нашето големо семејство.

Денес „Аџибадем Систина“ испишува историја, а за тоа најзаслужна е довербата на пациентите, кои се нашиот главен приоритет бидејќи за животот се работи.