fbpx

За прв пат во Македонија само во „Аџибадем Систина“ – нов PET-CT Discovery IQ

24.09.2020

ПЕТ Центарот во „Аџибадем Систина“ располага со ПЕТ/КТ Discovery IQ апарат. Нова најсовремена ПЕТ/КТ камера од производителот GE.  Се работи за интелигентен апарат од серијата Discovery во кој се интегрирани најсовремени софтверски решенија и протоколи, најсовремениот QClear систем за квантификација и со моќен хардвер. Со прекрасен дизајн и врвни перформанси не само во добивање квалитетна слика со помала доза, туку и одлична точна квантификација. Ефикасен, со нова ПЕТ детекторска технологија која го намалува времето на скенирање и количината на доза на радиофармацевтик на половина, што навистина прави разлика од другите ПЕТ-апарати. Се добива поквалитетна слика со точни квантитативни информации. Направен со детектор со три прстени, со можност за нивна надградба и со поголема покриеност на аксијалното видно поле. На овој начин можат да се видат и лезии со помали димензии.

SIS

Оваа иновативна детекторска технологија е поврзана со 32-слајсен КТ-систем дизајниран да ги задоволи рутинските потреби на снимање. Неговите одлични перформанси обезбедуваат квалитетна слика и во регии како рамена, колкови, области со метал и кај поголеми пациенти. Покрај тоа, напредната КТ-реконструкција ја намалува дозата на X зрачење и за 20x, а 0.5 сек. брзината на вртење во комбинација со 20 мм покриеност, овозможува брзи испитувања со пократко задржување на здивот. Покрај тоа Discovery IQ овозможува и избор на ниски kV што овозможува скенирање на мали пациенти на 80kV. Со новата QClear технологија сега се можни конзистентни и точни мерење на SUV, што е многу важно во следење на ефектот на терапијата. QClear обезбедува не само 2x подобрување во точноста на ПЕТ квантификацијата, туку и до 2x подобрување во квалитетот на сликата.

SIS

Повеќе комфор, помала доза и пократко време на снимање

ПЕТ/КТ Discovery IQ апаратот е комфорен за пациентот, со можност за промена на две маси – маса за стандардно ПЕТ/КТ снимање (од средина на главата до средина на натколениците) и долга маса за снимање на целото тело (од глава до петици). Масите издржуваат тежина до 227кг, а отворот на прстенот е широк 70 см, со што е овозможено скенирање и на угоени пациенти. Снимањето на ПЕТ/КТ апаратот е безбедно, безболно, а зрачењето е минимално. Самиот радиофармацевтски препарат и ПЕТ/КТ апаратот немаат негативни несакани ефекти, а единствена контраиндикација за изведување на ова испитување е периодот на бременост. По потреба се овозможува и снимање со анестезија.

SIS

Овој апарат овозможува скратување на дозата на радиофармацевтик за 30 до 50%, скратување на времето на сликање за 40 до 50%, со што се намалува озрачувањето и на пациентите и на персоналот кој работи, а секако се скратува и процедурата на изведување, што е значајно особено за тешките пациенти и за пациенти кои се клаустрофобични. Значи, едно сликање на целото тело со овој апарат не е подолго од 15 до 20 мин. Резултатите се добиваат за 48 часа.