fbpx

ЗЛАТЕН МЕДАЛ ЗА „АЏИБАДЕМ“ ЗА НАЈДОБРО НАПРЕДУВАЊЕ ВО РАЗВОЈОТ НА ЛИДЕРСТВОТО

06.11.2020

o

Групацијата „Аџибадем“ од Турција доби златен медал за најдобро напредување во развојот на лидерството, што е исклучително признание за оваа здравствена институција, една од најдобрите светски болници. Станува збор за престижна награда што ја доделува светската групација  за истражување и анализи, а се однесува за програма за развој на лидерство на медицинските сестри.

Наградата за извонредност на програмата за лидерство на медицинските сестри е во категоријата Подобрување на лидерството, што ја дава „Брендон Хол групацијата“ (Brandon Hall Group), која е една од најпознатите истражувачки организации.

Програма за лидерство на „Аџибадем“ е базирана на принципот „Секоја медицинска сестра е лидер“ и е создадена преку Дирекцијата за медицински сестра и „Аџибадем“.

Слична програма функционира и во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, која всушност е дел од големата групација „Аџибадем“, со што се создаде можност за размена на знаења и искуства и едукација со медицинскиот тим на турскиот здравствен гигант.

„Аџибадем Систина“, две години подоцна, во 2012 година стана дел од вториот најголем синџир болници, малезиската групација IHH.

Десет години се работи на подигнување на стандардите во лекувањето и имплементација на сите најсовремени технологии и протоколи во лекувањето и поставување на Македонија на светската здравствена мапа.