fbpx

ЗА ЛИЦАТА КОИ НЕ ГИ ЗНАЕМЕ, А НИ ГО СПАСИЈА ЖИВОТОТ: ИСКРЕНИ БЛАГОДАРНИЦИ ОД ПАЦИЕНТИ КОИ ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ГО ПОБЕДИЈА КОВИД-19

14.04.2021

Во мобилниот чувам фотографии од ковид-центарот. Да не се заборави, но има една највредна, онака скришно и вешто снимена, од белите скафандери испоседнати на подот и потпрени на ѕидот во мојата болничка соба. Само за миг. Само за минута, една минута толку потребен одмор. Луѓето без лица. Кои никогаш нема да ги запомнам затоа што не сум ги видел. Но, исто така и без тоа нема никогаш да ги заборавам. Ја чувствувам длабоко во себе моја големата искрена вечна благодарност на нивниот успех и радоста и вербата која ми се врати кога токму тие, белите скафандери, луѓето чии лица не ги познавам, ми го сочуваа најскапото што го имам – животот.

Ова е дел од подолгото емотивно писмо на 62-годишниот новинар Зоран Андреески, човек кој помина исклучително тешка битка со коронавирусот. Победи и успеа да се избори, а во своето обраќање вели дека тоа му го должи на сиот персонал на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ каде што всушност и оздраве.

Zoran Andreeski

Андреески е еден од случаите кога вирусот прави тешка клиничка слика. Дел од луѓето кои се заразени, за жал, поминуваат полошо. Од почетокот на пандемијата, сепак, во „Аџибадем Систина“ на современа опрема, со максимална пожртвуваност на сиот медицински персонал на чело со докторите инфектолози, пулмолози, анестезиолози, кардиолози, сестрите, болничарите се применува максимална грижа за секој пациент.

А пациентите се благодарни.

Ви благодарам од мое и од името на моите „соборци“ од  2204 за извонредно хуманото стручно лекување кај вас. Ви благодариме на вашите насмеани очи и охрабрувачки зборови и секогаш да сте тука за нас. Простете ако нешто сме ви згрешиле. Како што ветив, ќе ве поканам благовремено на мојот прв настап, напиша познатиот оперски пејач Борис Трајанов.

boris trajanov

За своето позитивно искуство во ковид-центарот во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ веќе сведочеше фолк-пејачот Благоја Грујовски, кој рече дека во спротивно немало да преживее.

baze grijovski

„Сиот персонал кој беше вклучен во моето лекување даваше сè од себе за пациентите. Лично се уверив во совршеноста на системот во ‘Аџибадем Систина’, која е сериозна болница од светски ранг“, вели Грујовски.

Доста пациенти дадоа доверба на искусниот тим од Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Во моменти капацитетите беа преполни, а менаџментот одлучи да обезбеди дополнителен простор. Се излегуваше во пресрет на сите пациенти секогаш.

„Благодарам на целиот тим во ковид-одделението на ‘Аџибадем Систина’, кој посветено и напорно се грижеше за нашиот татко,  сопруг и дедо. Многу ни значеа трпението и волјата секогаш детално да одговорите на сите наши прашања и грижи и тогаш кога веројатно ви горело под нозе“, напишаа во писмото семејствата Таневи и Новаковски.

n

„Почитувани, примете срдечни поздрави до целата екипа на доктори, медицински сестри и болничари кои несебично ни помогнаа да се спасиме од опасната корона. Многу благодарам, ви посакувам многу здравје, среќа да ве следи и успех во работата“, пишува Наталија Миќановиќ-Џундева.

Во изминатиот исклучително критичен период на пандемијата со коронавирус, кога целокупниот здравствен систем се соочуваше со огромен наплив на пациенти и намалени капацитети на сместување, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ даде значителен придонес во справувањето со коронавирусот и спаси стотици животи.