fbpx

ВРАБОТЕНИТЕ ВО КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДАРУВАА 135 ЕДИНИЦИ КРВ

15.07.2022

Голем интерес за крводарителската акција, која денес се одржа во просториите на Клиничка болница „Аџибадем Систина“, во соработка со општинската организација на Црвен крст – Карпош и Институтот за трансфузиона медицина. Во третата крводарителска акција годинава беа пријавени 135 вработени, кои уште еднаш ги покажаа својата хуманост и солидарност.

krvodariteli

Славчо Милошевски, ноќен менаџер во Клиничка болница „Аџибадем Систина“, досега учествувал во над 15 крводарителски акции. Објаснува дека воопшто не му тешко дури ни по ноќното дежурство да остане уште неколку часа плус и да направи добро дело.

krvodariteli

„Со дарување крв почнав во 2006 година и со секое дарување се чувствувам одлично. Се одлучив на овој хуман чекор воден од чувството дека ќе помогнам некому. Главниот мотив ми е тоа дека со само една дарувана ќеса од 450 милилитри крв можат да се спасат дури три човечки животи“ – изјави Славчо Милошевски.

Крводарителите објаснуваат дека чувството оти сте спасиле нечиј живот, кое на секој оној што дарувал крв му е добро познато, е непроценливо и тоа е всушност, главниот мотив поради кој редовно се вклучуваат во овие акции.

krvodariteli

Голема благодарност до сите вработени, кои уште еднаш покажаа солидарност и хуманост кон оние на кои капката крв им значи живот. Горди сме што во нашиот тим има традиционални крводарители, но и млади луѓе што даруваат крв првпат.