fbpx

ИЗВЕСТУВАЊЕ

15.07.2022

Почитувани пациенти,

Поради новиот бран на заразени со коронавирус и влошената епидемиолошка состојба во земјата, ве известуваме дека од понеделник 18.7.2022 година за прием во нашата болница се воведуваат следниве мерки:

⦁ за пациентите со уреден вакцинален статус – од последната доза на вакцината или од прележана инфекција (докажано со медицинска документација) во период не подолг од 6 месеци, доволно е брз антигенски тест

⦁ за сите останати пациенти, неопходен е ПЦР-тест, не постар од 72 часа изработен кај нас или во некоја овластена лабораторија.

Препорачуваме задолжително носење на заштитни маски при влез во Клиничка болница „Аџибадем Систина“. Следете ги препораките за заштита и превенција од ковид-19. Нашата грижа за вашето здравје продолжува!