fbpx

Вработените во „Аџибадем Систина“ даруваа 191 единица крв

19.02.2020

krvodaritelska naslovna

На 13 и 14 февруари Клиничката болница „Аџибадем Систина“ во соработка со општинската организација на Црвен крст – Карпош и Институтот за трансфузиона медицина реализираа  уште една успешна крводарителска акција. За време на дводневната акција дарувани беа 191 единица крв.

Воедно, ова е и најмасовната акција досега реализирана во нашата болница. Учеството на близу 200 вработени е силен доказ за хуманоста и желбата да се дарува крв за да се спаси живот.

„Аџибадем Систина“ и во иднина ќе продолжи да биде општествено одговорна компанија која ќе учествува во повеќе крводарителски акции и хуманитарни настани. Минатата година болницата доби признание од Црвениот крст на град Скопје како резултат на големиот придонес во организирање  крводарителски акции и дарување крв.