fbpx

Владата додели благодарница за докторите од „Аџибадем Систина“ за првата успешна трансплантација на срце во земјава

02.07.2020

blagodarnica

Владата додели благодарница на докторите кои ја изведоа првата трансплантација на срце во земјава. Преку овој гест искажува искрена благодарност за ваквиот историски подвиг.

„Ги обединивте капацитетите, знаењето, искуството и експертизата за да извршите зафат што претставува круна во кардиологијата и медицината воопшто“, стои во благодарницата.

Проф. д-р Александар Николиќ, кардиохирург, и д-р Димче Славески, анестезиолог, беа докторите од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ кои учествуваа во трансплантацијата на срцето.

Ни претставува особена чест што благодарение на искуството и експертизата на проф. д-р Николиќ и д-р Славески, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ беше дел од оваа хумана мисија.