fbpx

Стручен состанок – Улогата на PET/CT и Trilogy во дијагноза и третман на тумори

02.11.2015

Стручен состанок – Улогата на PET/CT и Trilogy во дијагноза и третман на тумори

На 30-ти октомври Клиничката болница „Аџибадем Систина“ одржа стручен состанок на тема „Улогата на PET/CT и Trilogy во дијагноза и третман на солидни тумори и хематолошки малигни заболувања“.
Можностите на Trilogy во радиотерапискиот третман на малигни тумори и ПЕТ скенот како дијагностичка алатка ги истакнаа д-р Лилјана Муратовска, специјалист по нуклеарна медицина и д-р Дева Петрова, онколог од „Аџибадем Систина“. Поканет предавач на стручниот состанок беше проф. д-р Злате Стојаноски, ЈЗУ Универзитетска клиника за хематологија кој ги презентираше искуствата во примената на скенот во дијагноза и следење на одговор од терапија кај Хочкинов лимфом.
Стручниот состанок се одржа во Битола и е дел од низата состаноци кои ги организира Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Состанокот е акредитиран од Лекарска комора на Македонија. Следниот стручен состанок на тема „Новини во асистираните репродуктивни технологии“ ќе се одржи во Струмица на 06.11 (петок).

[widgetkit id=54]