fbpx

Кампања „Чекориме за здраво срце“

06.10.2014

Кампања „Чекориме за здраво срце“

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се приклучи на европската недела на движење, со кампањата „Чекориме за здраво срце“. Целта на кампањата е да се подигне свеста за важноста на движењето и физичката активност во превенција и лекување на кардиоваскуларните заболувања како и за побрза рехабилитација по кардиохируршки операции.

Во центарот за физикална терапија и рехабилитација во „Аџибадем Систина“, пациентите со кардиоваскуларни болести имаа можност да се запознаат со основни вежби за нивната состојба, техники за дишење како и техники за опуштање и релаксација. Исто така добија совети за здрава исхрана, за начинот на земање на лековите како совети за интеракции на лековите со храна. За време на кампањата „Чекориме за здраво срце“, пациентите се консултира со врвниот тим на специјалисти од кардиоваскуларниот центар во „Аџибадем Систина“.

Физичката активност и кардиоваскуларните заболувања

Физичката активност значително ги намалува ризик факторите за болести на срцето преку регулирање на холестеролот, работата на срцето и крвниот притисок. Исто така помага и во намалување на телесната тежина, ризикот од згрутчување во крвта како и во намалување на стресот и анксиозноста.

„Секојдневната физичка активност од 30 до 60 минути го намалува ризикот од сериозни срцеви заболувања. Физичката активност во комбинација со промени во животниот стил како престанок на пушење, здрава исхрана, контрола на телесната тежина се клучните фактори за намалување на ризикот од кардиоваскуларни заболувања.“ советуваат специјалистите од кардиоваскуларниот центар во „Аџибадем Систина“.

[widgetkit id=13]