fbpx

Вработените во „Аџибадем Систина“ даруваа 160 единици крв

14.10.2017

krvodaritelska-akcija-2017

Повеќе од 160 вработени учествуваа во крводарителската акција на Клиничката болница „Аџибадем Систина“  организирана во соработка со  општинската организација на Црвен крст-Карпош и Институтот за трансфузиона медицина.

Акцијата се одржа во амфитеатарот на болницата каде вработените преку дарувањето на крв уште еднаш ја покажаа својата хуманост и солидарност.

Горди сме што ова е досега најмасовната крводарителска акција во која беа дарувани 160 единици крв.