fbpx

„Аџибадем Систина“ на Првиот меѓународен конгрес на лица со посебни потреби

21.10.2016

„Аџибадем Систина“ на Првиот меѓународен конгрес на лица со посебни потреби

AcibademSistina DajteNiKrilja6

Со стручни презентации тимот доктори од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ беа дел од Првиот меѓународен конгрес на лицата со посебни потреби во организација на здружението „Дајте ни крилја“. Врвните експерти од „Аџибадем Систина“ ги истакнаа најновите достигнувања во дијагностиката, лекувањето, третманот и рехабилитација на лицата со дисфункции, хендикеп, ретки болести и посебни потреби. Дел од предавачите беше и д-р Енис Шабан од  Здравствената групација „Аџибадем“, Турција.

Конгресот беше организиран од 14-16 октомври а учество земаа врвни експерти од областа на медицината фокусирани на лицата со посебни потреби. 

[widgetkit id=70]