fbpx

Презентирани новините од областа на асистираните репродуктивни технологии

09.11.2015

Презентирани новините од областа на асистираните репродуктивни технологии

Кои се причините за неплодност, како навреме да се дијагностицираат и соодветно да се третираат и последните достигнувања во методите на биомедицинско потпомогнато оплодување беа презентирани за време на стручниот состанок на тема „Новини во асистираните репродуктивни технологии“. Стручниот тим од Центарот за асистирана репродукција на „Аџибадем Систина“ пред присутните гинеколози ги образложија темите – Етички и легални аспекти на асистираните репродуктивни технологии во Р Македонија, оваријален одговор на стимулација, неплодност – да ја утврдиме причината, значењето на ултразвукот при ИВФ и ембрио трансфер, ИВФ – од експеримент до рутински третман 4 децении непрекинат развој и иновации на ИВФ циклусот.

Стручниот состанок во Струмица е дел од низата состаноци кои Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ги организира низ земјава. Состанокот е акредитиран од Лекарска комора на Македонија.

[widgetkit id=55]