Амбасадорот на САД во официјална посета на КБ „Аџибадем Систина“
Амбасадорот на САД во официјална посета на КБ „Аџибадем Систина“
Делегација од Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија предводена од Амбасадорот Џес Л. Бејли, оствари официјална посета на Клиничката болница „Аџибадем Систина“.
Целта на посетата на високите дипломатски претставници беше запознавање со резултатите од работењето на болницата, нејзините капацитети, услови и можности на одделите и специјализираните центри.
Клиничката болница „Аџибадем Систина“ која е официјален партнер на Амбасадата на САД во Македонија е максимално посветена на своите пациенти. Тоа може да се увиди преку процентот на успех во лекувањето во здравствената установа, кој се движи и до 99%.
При посетата, амбасадорот Бејли беше запознаен со договорот кој минатиот месец беше потпишан помеѓу „Аџибадем Систина“ и американскиот производител „Џенерал Електрикс“, за набавка на најсовремена медицинска опрема во вредност од 2.5 милиони долари.
Исто така, амбасадорот беше информиран за имплементацијата на JCI стандардите како највисоки стандарди во глобалното здравство базирани на најстроги критериуми во извршувањето на здравствената нега. Добивањето на акредитацијата од страна на Меѓународната Комисија за Акредитација, Joint Commission International (JCI), кое се очекува да се случи на почетокот од следната година, ќе значи официјално позиционирање на Аџибадем Систина на врвот во меѓународниот здравствен систем. Печатот за квалитет од комисијата ќе значи печат за болница – примат во регионот , која отпочнува со воспоставување на нови и најквалитетни насоки во здравствената пракса.