fbpx

Формирана „Аџибадем Сити клиник“ – најголема здравствена групација во Бугарија

09.06.2016

Формирана „Аџибадем Сити клиник“ – најголема здравствена групација во Бугарија

Комисијата за заштита на конкуренција го потврди договорот на „Аџибадем“ за преземање на Болницата „Тoкуда“ и спојување со „Сити клиник“. Со ова официјално се формираше најголемата групација за здравствена заштита со водечка позиција на пазарот.

На официјална церемонија беше потпишан договорот за формирање на најголемата здравствена групација. Овој синџир болници ќе има водечка позиција на пазарот во Бугарија. Здравствената групација „Аџибадем“ заедно со својата подружница во Македонија „Аџибадем Систина“, ја преземаа болницата „Токуда“ во Бугарија и нејзините подружници и истовремено се споија со „Сити клиник“. Новата здравствена групација ќе биде именувана како „Аџибадем Сити клиник“.

Договорот беше потпишан лично од г. Мехмет Али Ајдинлар, претседател и извршен директор на Аџибадем, г. Илијан Григоров, извршен директор на „Сити клиник“, г. Ангел Ангелов, претседател на Одборот на директори на „Сити клиник“, г. Артур Стерн, овластен претставник на д-р Торао Токуда, и г. Јордан Камчев, главен извршен директор на Клиничка болница „Аџибадем Систина“.

Г. Илијан Григоров беше именуван за главен извршен директор на „Аџибадем Сити клиник“,а претходно ја имаше истата позиција во „Сити клиник“. Г. Мехмет Али Ајдинлар ќе биде претседател на Одборот на директори.

Како дел од стратегијата за развој, планирани се нови инвестиции, како и изградба на нови објекти. Главниот фокус ќе биде ставен на онкологија, кардиоваскуларни болести, неврологија, гинекологија и акушерство и педијатрија.

Се очекува имплементација на нови технологии и клинички услуги:

·         Нега на мајки и деца
·         Gamma knife како дополнување на можностите за третман на малигни болести во онкологија
·         Da Vinci робот и програма за роботски операции
·         Научен центар за мозок и воспоставување специјализиран центар за мозочен удар по моделот на слични водечките центри во светот
·         Центар за трансплантација, итн.

Г. Мехмет Али Ајдинлар, претседател на Одборот на директори на „Аџибадем Сити клиник“ и претседател и главен извршен директор на „Аџибадем“, рече:

„Договорот е во согласност со стратегијата на „Аџибадем“ да се фокусираме на понатамошно развивање на клучните пазари во Централна и Источна Европа и регионот на Балканскиот Полуостров. Препознавајќи ја потребата за високо-квалитетна и технолошки напредна здравствена заштита, овој договор е од навистина големо значење за „Аџибадем“. Светски познатиот бренд Аџибадем има добро развиени клинички процеси, прецизно управување и оперативен пристап. Вреди да се одбележи спојување на овие четири болници, што ќе ја претвори Бугарија во водечка земја во регионот која нуди највисоко ниво на здравствена заштита”.

Г. Јордан Камчев, главен извршен директор на „Аџибадем Систина“, го даде следниот коментар:

Во Софија се потпиша договорот за купопродажба, за основање на најголемата медицинска групација во Република Бугарија, каде заедно со „Аџибадем“, „АФЦ“ и „Сити клиник“ преземавме пет болници во Република Бугарија, односно болницата „Токуда“ и четири болници од „Сити клиник“, од кои две во Софија, и по една во Варна и Бургас.

Со тоа се позиционираме на балканската мапа како најголеми оператори во приватниот медицински бизнис. Зделката беше договорена претходно, а сега се реализираше, откако се добија сите потребни согласности од институциите во Република Бугарија.

Улогата на “Аџибадем Систина” е од големо значење и ние ќе бидеме дел од техничката поддршка за средно-медицинскиот персонал и ќе помогнеме во реализација и имплементација на административните работи, кои во Скопје веќе се завршени од страна на „Систина“ и „Аџибадем“. Во наредниот период „Аџибадем Систина“ ќе биде тренинг центар.  Тоа за нас претставува сериозна сатисфакција бидејќи сето наше искуство сега ќе треба да го имплементираме и во бугарскиот здравствен систем.

Македонските пациенти во Бугарија сигурно ќе имаат пристап до услугите кои ги нема во Скопје, а ги има во Бугарија, односно преку „Аџибадем Систина“ ќе може побрзо да дојдат до услугата и да добијат подобра цена.

Квалитетот на опремата, најсовремената технологија и искусниот тим доктори во онколошкиот центар „Сити клиник“ ја прави една од најсовремените онколошки болници во Европа. Мислам дека таа синергија што треба се создаде меѓу нас и меѓу болниците во Бугарија секако многу позитивно ќе влијае на голем дел од македонските пациенти“.

За „Сити клиник“

„Сити клиник“ е водечки синџир болници основан во 2010 година со болници во Софија, Варна и Бургас. „Сити клиник“ вклучува три болници и три амбулантски центри; помеѓу нив е и болница која има добиено акредитација од Joint Commission International. По отворањето на новиот центар за канцер, „Сити клиник“ доминира на пазарот во Бугарија и за кардиоваскуларни и за малигни болести, интегрирајќи висок квалитет на клинички услуги со едукација и истражување.

За „Токуда“

Болницата „Токуда“ е најголемата приватна болница во Бугарија вклучувајќи општа болница со 550 кревети, амбулантски медицински центар, центар за клинички истражувања, дом за стари лица, кои се наоѓаат на иста локација во Софија. Оваа болница од неодамна е акредитирана од страна на Joint Commission International. Болницата е отворена во 2006 година како прва приватна болница во сопственост на странски инвеститор во Бугарија – со 100% јапонска инвестиција. Вкупната површина на болницата е 52.000 метри квадратни (вклучува 37 оддели и 23 операциони сали), што обезбедува целосно интегриран третман во речиси сите медицински специјалности. 

За Здравствената групација „Аџибадем“

Здравствената групација „Аџибадем“, основана во 1991 година, е една од водечките приватни здравствени групации за дијагноза и третман во Турција. Поседува 18 општи болници (вклучувајќи една во Македонија, и една административно управувана во Ирак), 13 медицински центри и компании за дополнителни медицински активности. Повеќе од 18.000 вработени и 3.100 лекари работат во рамките на здравствената групација „Аџибадем“.

Уште од своето формирање „Аџибадем“ е во постојан пораст, со што стана најпознато и најзначајно име кога станува збор за здравствени услуги не само во Турција туку и на меѓународно ниво. Во 2012 година Аџибадем стана членка на глобалниот IHH (Integrated Healthcare Holdings). IHH води интегрирани здравствени активности со водечка позиција на пазарот во Сингапур, Малезија и Турција. IHH работи и инвестира во Кина (со исклучок на Хонгконг, Макао и Тајван), Индија, Виетнам, Македонија, Брунеј и OAE. 

 

[widgetkit id=64]