fbpx

Доктори од Србија во посета на „Аџибадем Систина“

20.06.2016

Доктори од Србија во посета на „Аџибадем Систина“

Со цел да се запознаат со капацитетите, технолошката опременост и протоколите за работа, викендов 40 доктори (гинеколози, кардиолози, уролози, невролози,) од Србија ја посетија Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

За време на посетата, докторите имаа можност да се запознаат со работата на петте специјализирани центри (Канцер центар, Спинален центар, Кардио центар, Центар за асистирана репродукција, Центар за дојка)како и останатите Оддели во болницата.

Претставниците од здравствени организации од Србија беа импресионирани од организираноста и работата на болницата, пред сè на воспоставениот систем на работа според светските JCI стандарди кои се предизвик за секој здравствен работник.

Посетата беше и одлична можност за размена на позитивни искуства и релации. Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е секогаш отворена за средби од ваков тип, бидејќи од големо значење е можноста за презентирање и споредување на резултатите од секојдневната работа со пациентите.

[widgetkit id=65]