fbpx

14. број на магазинот „Аџибадем Систина Плус“

17.06.2014

14. број на магазинот „Аџибадем Систина Плус“

Со задоволство ве информираме дека излезе новиот број на магазинот „Аџибадем Систина Плус“. 14. број го посветивме на машкото здравје. Многу медицински теми и совети, животни приказни на луѓето кои ни го доверија своето здравје, накратко создадовме магазин кој опфаќа содржини наменети за целото ваше семејство.

На 84 страници во летниот број ќе читате:
-Топ 5 здравствени прегледи за мажи
-Простата – „болна“ точка за секој маж
-Андреа Лекиќ: „Сакам да победувам и да се борам до крај“
-Со годините се менуваат и забите
-Водич за сигурна и безбедна бременост по 35. година
-Здрава кожа vs темен тен
-Кога вашето малечко има алергија од храна
-Моќта на морската вода

Своето искуство во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ со вас го споделуваат и нашите пациенти.

Списанието бесплатно ќе се дистрибуира низ целата земја во прилог на дневните весници, но можете бесплатно да го добиете и во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

Нека „Аџибадем Систина Плус“ биде вашиот летен прирачник. Уживајте!