fbpx

„Аџибадем Систина“ дел од 8-та Национална конференција за рак на дојка

02.10.2015

„Аџибадем Систина“ дел од 8-та Национална конференција за рак на дојка

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ беше дел од 8-та Национална Конференција за борба против карциномот на дојка во организација на Здружението „Борка“. На конференцијата свои стручни предавања имаа д-р Маја Стојчевска Чапова, специјалист по дојка и д-р Катерина Кубелка – Сабит специјалист по патологија од Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

 

Д-р Чапова пред присутните зборуваше за карциномот на дојка како најчесто малигно заболување кај женската популација и можноста за навремено поставување на дијагноза. Тема на нејзиното предавање беше „Дали е мамографијата доволна?“, додека д-р Сабит предаваше на тема „Молекуларни карактеристики на карцином на дојка“.

Целта на организацијата на оваа Национална конференција е одбележување на Светскиот месец посветен на борба против карциномот на дојка. Клиничката болница „Аџибадем Систина“ низ годините преку низа активности зема активно учество во одбележувањето на овој настан.

[widgetkit id=51]