fbpx

Гинеколози од „Аџибадем Систина“ предавачи на четвртиот курс на Школата за ултразвук „Ian Donald“

28.09.2015

Гинеколози од „Аџибадем Систина“ предавачи на четвртиот курс на Школата за ултразвук „Ian Donald“

Четвртиот курс на Интер-универзитетската школа за ултразвук „Ian Donald“ ги собра на едно место еминентните светски гинеколози-акушери кои со стручни предавања ги споделија најновите искуства во примената на ултразвукот во гинекологијата, акушерството и неонатологијата.  Тридневната едукативна средба опфати бројни научни презентации, предавања и панел дискусии. 

Меѓу светски признаените експерти, како поканети предавачи во едукацијата на лекарите учествуваа и нашите врвни експерти д-р Никола Баџаков, д-р Митко Ивановски и д-р Павле Димчев. Пренесувајќи ги своите долгогодишни искуства, присутните имаа можност за континуирана едукација, како и да бидат во тек со најновите достигнувања на ултразвукот и негова имплементација во гинекологијата, акушерството и асистираните репродуктивни технологии. 

Школото „Ian Donald“ е основано во 1981 година и денес има национални ограноци во преку 60 земји ширум светот меѓу кои и во Македонија. Претседател на македонскиот огранок е д-р Гордана Адамова, гинеколог – акушер. Неговата  главна мисија е едукација на лекари кои во секојдневната пракса употребуваат ултразвук. 

[widgetkit id=50]