fbpx

Успешна интервенција кај пациентка која го победи стравот во Аџибадем Систина

30.01.2019

Дека годините се само бројка доказ е и нашата 55-годишна пациентка Рамона Марковска. Целиот свој живот е спортски активна. Омилено годишно време ѝ е зимата, кога ужива да скија, додека преку целата година редовно ги посетува фитнес-салите. Но нејзиниот спортски живот бил ставен под знак прашалник кога во октомври при незгоден пад го скршила десното рамо. Единствена желба ѝ била проблемот што побрзо да се реши и раката повторно да ѝ е во функција.

Стравот секогаш постои, но многу е полесно кога сте во сигурни раце

„По препорака на мои блиски пријатели, дојдов на преглед кај д-р Борислав Илиев. Она што најмногу ми се допадна е тоа што обично во болниците пациентите се стимулирани стравот да го задржат во себе, а јас со докторот го споделив својот страв и поедноставно поминавме низ интервенцијата. Едноставно, се ослободив од стравот. Не се плашев толку од интервенцијата, колку што ми беше страв од анестезијата и губењето свест. Голема благодарност и до анестезиолог д-р Александар Величковски, кој ме смири. Понекогаш мора да поминете низ стравот, но сè е полесно кога ве водат стручни и искусни доктори. Низ одредена процедура мора да поминете, но многу е полесно кога ве водат сигурни раце“ – објаснува Рамона.

Ортопедските операции знаат да бидат многу болни, но јас поминав само со едно единствено апче за болка

„Интервенцијата не беше едноставна, стануваше збор за обемен зафат бидејќи имав деликатна скршеница. Болка чувствував првите неколку часа по интервенцијата. Два дена по интервенцијата се напив само едно единствено апче. Доктор Илиев заврши одлична работа, прст да пресечете боли со денови, а не, пак, операција. Јас се оперирав во четврток, веќе вториот ден се чувствував одлично и си заминав дома, а од понеделник почнав да вежбам по малку. Имав одлична презентација на вежбите од вашите физиотерапевти, кои беа исклучително љубезни. Ме советуваа како да се движам и кои вежби да ги правам.

Персоналот во болницата е фантастичен. Докторот е со вас само неколку часа, но логистиката многу менува, особено првите неколку часа по операцијата кога не се чувствувате добро и ви е неопходна поддршка. За докторот имам само пофални зборови, внимателен и детален. Имав потполна доверба во него. На секоја контрола добивам нови вежби со цел раката целосно да ја вратам во функција.

Повреди и фрактури на рамо

„Со оглед на активноста, повреди на рамото се почести кај младата популација, кај повозрасните пациенти над 50 години, пак, почести се фрактурите. Најчесто се должат на невнимание, лош пад, сообраќајни незгоди. Конкретно кај Рамона стануваше збор за мултифлагментарна скршеница на горниот дел на десната надлактица. Направивме компјутерска томографија и ја решивме дилемата како да се реши проблемот кај неа. Ако нема големо изместување, тогаш најдобро е да се оди конзервативно, кај Рамона фрагментите беа толку раширени па мораше да ставиме плочка со цел да ги собереме сите. Добро направена репозиција на скршеницата и фиксација ветува добар резултат. Неколку дена по интервенцијата почнавме со физикална терапија и на 2 месеци по операцијата таа е 80% рехабилитирана. Очекуваме на три месеци повредата комплетно да биде санирана“ – вели д-р Борислав Илиев.