fbpx

Успешна дебата на „Аџибадем Систина“ во „Халк осигурување“ – ја јакнеме самосвеста за редовни прегледи на дојка

06.11.2019

За важноста од превентивните гинеколошки прегледи и самопрегледите на дојка, кои се ризиците и како жените да ги препознаат промените на своето тело – по повод месецот посветен на ракот на дојка, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ја одржа петтата работилница во компанијата „Халк осигурување“. Во октомври тим доктори од болницата посетуваа домашни компании и институции, а на вработените преку едукативни работилници им ја потенцираа важноста за зголемување на свесноста и грижата за сопственото здравје. Оваа активност е дел од кампањата за женското здравје „Возврати силно“.

IMG

Како општествено одговорна компанија, на ваков начин „Аџибадем Систина“ дава придонес за јакнење на јавната свест. Пред вработените од „ Халк осигурување“ беше потенцирана важноста што превенцијата ја има во излекување на ракот на дојка, односно фактот дека раното откривање во овие случаи може да значи и целосно излекување на потенцијалните пациенти.

Во време на раст на бројот на заболени од рак на дојка превентивните прегледи и самопрегледите на дојка имаат клучно значење за граѓаните. На работилницата во „Халк осигурување“ присуствуваа  д-р Маја Стојчевска-Чапова, специјалист по радиодијагностика и д-р Билјана Црцарева –  специјалист по нуклеарна медицина.

IMG

Во текот на работилницата специјалистите одговараа на сите прашања на вработените во компанијата поврзани со оваа болест, ризиците на кои се изложени жените, но и како да се прават самопрегледите. Клиничката болница „Аџибадем Систина“ одржа вкупно пет работилници за женското здравје. Првата во РК „Вардар“, па во компанијата „Тинекс“, во Град Скопје, во „Триглав осигурување“ и во „Халк осигурување“.