fbpx

Учениците од „Нова“ во посета на лабораториите на „Аџибадем Систина“

11.11.2016

Учениците од „Нова“ во посета на лабораториите на „Аџибадем Систина“

Учениците од 7-мо одделение од Меѓународното училиште „Нова“ го посетија Одделот за дијагностички лаборатории во „Аџибадем Систина“. Домаќин на настанот беше д-р Џенгис Јашар, патохистолог и шеф на Дијагностички лаборатории. За време на посетата учениците имаа можност да ја видат работата во Биохемиската лабораторија, а потоа беа дел од едукативно предавање во амфитеатарот на болницата.

Што претставува клетката, кои се нејзините градбени елементи и функција во човечкото тело беше главната тема на предавањето на д-р Јашар. Преку илустрирана презентација учениците имаа можност да видат како изгледаат различни типови клетки, каков е процесот на делба на клетките, како изгледа здрава клетка, а како клетка со нарушена функција. Најинтересно за младите ученици беше можноста да ги гледаат клетките со помош на микроскоп. Учениците веќе имаа големо познавање на оваа тема при што со нивни мислења и знаења го надополнуваа предавањето на д-р Јашар.

Посетата на учениците од „Нова“ е дел од наставната програма по предметот Природни науки. 

[widgetkit id=73]