fbpx

ЦВЕЌИЊА НА МИРОТ, РАДОСТА И ЉУБОВТА ЗА БЕБИЊАТА РОДЕНИ НА БОЖИК

08.01.2021
Со цртежи со цветни мотиви познатиот сликар и хуманист Живко Поповски-Цветин ги израдува родилките во „Аџибадем Систина“ кои на свет ги донесоа своите чеда за време на божикните празници. Цвеќиња на мирот, радоста и љубовта, како што ги нарекува самиот Цветин, беа насликани за сите новороденчиња кои во моментот се наоѓаат на Одделот за неонатална нега. Ваквиот чин е дел од поголема акција со која сликарот и хуманист им го разубавува Божик на мајките ширум болниците низ земјава.