fbpx

Дедо Љубе, 99 години, Кичево

07.04.2014

 

 

 

 

 

 

 

Јас сум Дедо Љубе од Кичево и имам 99 години. Сè уште сум витален, енергичен и со љубов кон животот како и пред педесетина години. Се радувам на секој нов ден како на нов почеток бидејќи и природата и божјата милост сиве овие години беа на моја страна, па успеав да ги видам сите животни радости, внуци и правнуци.

Лани првпат животот ме стави на тест со болките во стомакот. Кога организмот ќе го вклучи алармот нема бегање! Патот ме донесе во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Тимот од лекари веднаш ја дијагностицираше мојата болка и итно бев опериран под будното око на абдоменалниот хирург д-р Тони Јосифовски.

На 99 години ја преживеав својата прва операција. Тимот на доктори кои ме оперираа на чело со д-р Тони Јосифовски заедно со кардиолозите и анестезиолозите ми рекоа дека сум најстариот пациент кој досега го оперирале во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

Ме примија со компликации предизвикани од камења во жолчното ќесе кои сум ги носел повеќе години. Знаев дека операцијата беше единствениот начин за излекување. Во д-р Јосифовски го најдов мојот херој, а мојата дилема згасна кога тој со огромна сигурност ми рече дека ќе успееме.

Верувале или не, во моментов го пишувам ова писмо до моите спасители. Нема да го заборавам денот кога докторот ми рече дека операцијата поминала успешно и дека мојот живот ќе продолжи како и досега. Со солзи во очите повторно ѝ се израдував на светлината на денот.

Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ лежев една недела и со нетрпение чекав да се вратам во родното Кичево. 

Сакав да си одам дома за да можам да си прошетам низ пазарот. Многу се движам, никогаш не сум пушел ни пиел, досега не сум имал здравствени проблеми, освен што слабо слушам и тоа ме нервира.

Најмногу сакам да јадам макало, си мислев, ако каснам дека ќе ми заздрави стомакот.

На заминување уште еднаш го прегрнав како мојот херој д-р Тони Јосифовски. Со солзи во очите му се заблагодарив што ми даде шанса да го продолжам животниот пат. Кога си замина им ветив дека во мај оваа година заедно ќе го прославиме мојот 100. роденден.

 Дедо Љубе, 99 години, Кичево

 

{backbutton}