fbpx

Благодарам за сè што сторивте за мојот татко

02.11.2016

„Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е показател дека и кај нас може една институција да функционира беспрекорно и според највисоки професионални стандарди“ вели Јулијана Настоска од Охрид. Во нејзиното писмо упатува посебна благодарност за проф. д-р Салис Таџер и д-р Дејан Ковачевиќ кои се грижеа за здравјето на нејзиниот татко.

,,Кога животот ќе ти создаде илјада причини за плачење, покажи му дека имаш илјада причини за насмевка,,
Мехмед (Меша) Селимовиќ

Животот е постојана борба и соочување со подеми и падови, убави моменти – кои нè прават посилни но и тешки моменти – кои нè прават ранливи. Во такви тешки моменти секоја поддршка ни е повеќе од значајна.

Она што мојот татко го поминуваше тие 11 дена во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ние како семејство го доживувавме на свој начин. Беа направени процес на детални испитувања со најсофистицирана опрема, контролни прегледи и анамнеза со цел да се исклучи и најмал ризик при оперативниот зафат кој помина успешно, според протокол изведен од проф. д-р Салис Таџер.

Комплетно целиот тим кој е поставен хиреархиски на одделот на Кардиохирургија е составен од професионалци кои пред сè се лица со морални и етички вредности, максимално посветени на својата професија. Нивната емпатија и пристап додека поминувавме низ стресни моменти тие денови, не само татко ми како пациент туку и ние како семејство, ни даваше сигурност и надеж дека сè ќе се заврши најдобро.

Сакам да изразам голема благодарност во мое лично име и во име на моето семејство до проф. д-р Салис Таџер и неговиот тим, но и голема благодарност до д-р Дејан Ковачевиќ и неговиот тим.

Клиничката болница „Аџибадем Систина“, е само показател дека и кај нас може една институција да функционира беспрекорно и според највисоки професионални стандарди.

Со почит,

Јулијана Настоска
Охрид