fbpx
СПЕЦИЈАЛИЗИРАНИ ЦЕНТРИ

Ласер центар

Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ работи ексклузивниот Ласер центар, кој на неинванзивен начин нуди ефикаснорешение за голем број проблеми со кожата, уринарниот систем, како и здравствени и естетски гинеколошки проблеми. Опремен е со најновата генерација ласери кои со својата моќна технологија овозможуваат брз, ефикасен и безболен третман без несакани ефекти и компликации.

Ласерскиот систем делува директно врз делот наменет за третман, без да го оштети околното ткиво, а ефектите се видливи по првиот третман. Со своите технолошка опременост, стручност и искуство Ласер центарот е единствен специјализаран центар од ваков тип во регионот.

СТРУЧЕН НАДЗОР ОД ВРВНИ СПЕЦИЈАЛИСТИ

Во Ласер–центарот работи високопрофесионален тим специјалисти по дерматовенерологија, гинекологија и хирургија со долгогодишно искуство во оваа област. Целокупниот тим е едуциран за работа со ласер во светски реномирани медицински центри.

БЕЗБЕДНОСТ И ЕФИКАСНОСТ НА ТРЕТМАНОТ

Секој пациент добива индивидуален план за третман под надзор на стручно лице. Ваквиот пристап, овозможува безбедност и ефикасност, како и заштита од појава на компликации и несакани ефекти. Затоа, од голема важност е ласерските третмани да бидат изведени во релевантен медицински центар. Секое нестручно работење со ласер и работа во некомпетентни услови, може да предизвика сериозни последици по вашето здравје.

ГИНЕКОЛОГИЈА

Најсовремениот Еr:YAG ласер брзо, безболно и без компликации дава одлични резултати во третманот на голем број здравствени и естетски гинеколошки проблеми. Работата на овој ласер се базира на неаблативна фототермална стимулација на создавање нов колаген и негово ремоделирање во регионот на вагиналниот ѕид, влезот на вагината и околното ткиво на влезот на уретрата (vestibulum).

Вагинално подмладување (рејувенација)

Револуционерниот ласер дава одлични резултати кај пациентки со атрофија на вагината (сувост на вагината и вулвата). Со третманот се постигнува создавaње нов колаген и збогатена васкуларизација на вагиналниот ѕид. По третманот, исчезнуваат симптомите на сувост, печење, болка.

Третман на стрес-инконтиненција

Ласерскиот третман е замена за хируршки третман за лесен до среден степен на стрес-инконтиненција. Со третманот се постигнува создавање и ремоделирање на нов колаген, што резултира со нормализирање на функцијата за задржување на урината во мочниот меур.

Третман на синдром вагинална релаксација

Ласерскиот третман успешно го решава проблемот на опуштеност на карличното дно и вагиналниот канал. По третманот, вагиналниот канал се затегнува и задебелува. Ласерскиот систем се користи и за третман на: CIN промени, генитални брадавици, бенигни промени на вулва, корективни интервенции (пластика) на вулва, Cystocellae (спад на мочниот меур).

ЕСТЕТСКА ДЕРМАТОЛОГИЈА

Благодарение на најсовремените дерматолошки ласери успешно се третираат сите проблеми и недостатоци на кожата. Достапни се третмани за подмладување, затегнување и зацврстување на кожата, третман на брчки, акни, стрии, црвенила и пигментации на кожата. По третманот кожата изгледа сјајна и мазна. Ласер центарот нуди трајно решение за несаканите влакна со најсовремен ласер за епилација. Покрај естетските процедури на кожа, достапно е и решение за проширени вени и капилари. Nd:YAG ласерскиот систем ќе ви овозможи да се ослободите од козметичкиот проблем кој го прават проширените вени и капилари на вашето тело. Третманот е брз и ефикасен и дава беспрекорни резултати кај сите типови и боја на кожа.

УРОЛОГИЈА

Центарот е опремен со ласерска технологија која овозможува ефикасен и неинвазивен третман на зголемена простата и уринарни каменчиња.Високософистицираниот Holmium ласерски систем на минимално инванзивен начин ќе ве ослободи од проблемите предизвикани од каменчињата во уринарниот тракт. Ласерскиот сноп делува директно врз каменчињата, ги разбива на поситни парчиња, без да го оштетува околното здраво ткиво, притоа не предизвикувајќи ударни бранови.

Досегашните искуства покажале дека Holmium ласерот е ефективен без оглед на големината, локацијата, цврстината и составот на каменчињата. Одлични резултати дава и кај пациенти со поголем број каменчиња.