fbpx

РЕТКА И СПЕЦИФИЧНА ОПЕРАЦИЈА ЗА ПРВПАТ ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“: ОД ДЕСЕТМЕСЕЧНО БЕБЕ ИЗВАДЕН ТУМОР НА БУБРЕГ СО ГОЛЕМИНА НА РАКОМЕТНА ТОПКА

07.02.2020

 

simeonov

Специфична и сложена интервенција е изведена за првпат во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Кај десетмесечно бебе е изваден тумор на бубрегот со големина на ракометна топка. При интервенцијата пресудни биле навремената интервенција и стручноста, особено затоа што туморот бил одзади цревата, а исклучително важно било да се извади целиот тумор и да не пукне капсулата на туморот. Бебето сега е добро и ќе си го продолжи животот нормално.

Д-р Ристо Симеонов вели дека станува збор за редок тумор кој се јавува кај децата уште при самото раѓање.

„Интервенцијата е специфична и ваков тип интервенција всушност е изведена за првпат во ‘Аџибадем Систина’. Сложена е затоа што се бара прецизна хирургија заради тоа што туморот се наоѓа одзади цревата, во конкретниот случај од десната страна. Требаше да се направи мобилизација на дебелото црево, да се зачува васкуларизација на цревата, да се стигне до крвните садови на бубрегот и да се внимава да не се повреди капсулата на туморот“, вели д-р Симеонов.

Интервенцијата била успешна, а туморот бил во прв стадиум. Детето закрепнало за пет дена и д-р Симеонов вели дека по хемотерапиите тој ќе продолжи да се развива нормално.