fbpx

РЕНОМИРАНОТО СПИСАНИЕ НА ШКОЛAТА „IAN DONALD“ ОБЈАВИ ТРУД НА ДОЦ. Д-Р КОРНЕЛИЈА ТРАЈКОВA

19.08.2022

Специјализираното списание на школaта „Ian Donald“ објави труд на доц. д-р Корнелија Трајкова на тема „Молекуларна анализа на вагинален микробиом кај жени во репродуктивна возраст“.


„Ова е исклучителна чест за Клиничката болница „Аџибадем Систина“ бидејќи се работи за оригинален научен труд, прв од оваа област во земјава, кој преставува основа за анализа на вагинален микробиом, метода која е воведена и се работи во нашата болница“ – истакна д-р Трајкова.
Како ко-автор во трудот се јавува и д-р Биљана Ќурчиќ, специјалист по микробиологија во „Аџибадем Систина“.


Школaта „Ian Donald“ е основана во 1981 година и денес има национални ограноци во 60 земји ширум светот меѓу кои и во Македонија. Нејзината главна мисија е едукација на лекари кои во секојдневната пракса употребуваат ултразвук.