Д-Р ЗОРАН КРСТАНОСКИ ДЕЛ ОД УРОЛОШКИОТ ТИМ НА „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“
Со задоволство ви најавуваме дека д-р Зоран Крстаноски е дел од уролошкиот тим на Клиничка болница „Аџибадем Систина“.

Д-р Крстаноски е еден од најискусните уролози во Југоисточна Европа, на подрачјето на лапароскопската уроонкологија, лапароскопска реконструктивна урологија, лечење камења во уринарен тракт со минимално инвазивни методи (PCNL, флексибилна уретрореноскопија, лапароскопско пиело, нефо, уретолитототмија), лечење на бенигна хиперплазија на простата (опструкција на урината поради зголемена простата).
Пионир е во воведување и стандардизирање на многу нови минимално инвазивни хируршки методи на овие простори во Југоисточна Европа. Многу уролози од овие простори под негово менторство и едукација ги направиле првите чекори во лечењето пациенти со минимално инвазивни методи.
Вашиот преглед може да го закажете на 02/ 30 99 500