fbpx

Прво ендоскопско кршење камен во бубрег кај петгодишно дете – Успешна интервенциjа во „Аџибадем Систина“

08.02.2021

Јован има само пет години, но се соочил со проблем кој најчесто го имаат повозрасните. За среќа, здравствениот предизвик бил надминат во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Впрочем, интервенцијата што му била изведена токму таму е прва ваква интервенција во земјава кај толку мало дете. Јован имал болки во бубрегот, кои почнале со уринарни инфекции. По прегледите било дијагностицирано дека има камен на десниот бубрег, кој сепак не бил дијагностициран во други здравствени установи. Поради тоа што имал висока температура, се сметало дека има Ковид -19. Сепак, неговиот педијатар од „Аџибадем Систина“, д-р Светлана Крстевска-Блажевска, понудила решение и препорака на докторите Ристо Симеонов и Зоран Трајковски во „Аџибадем Систина“.

Jovan sIMEONOV

Кај петгодишниот Јован била изведена ендоскопска интервенција за кршење камен во бубрег. Д-р Блажевска вели дека Јован бил донесен со висока температура и со болки во десната страна на стомачето. По направеното ехо со радиологот д-р Зоран Трајковски било утврдено дека каменот е со големина од околу еден сантиметар. По тоа веднаш бил испратен и кај хирургот д-р Ристо Симеонов. Тој вели дека кај Јован е изведена всушност првата ваква ендоскопска интервенција за кршење  камен во бубрег кај петгодишно дете.

„Се работи за интервенција каде со реноскоп преку уретрата се влегува  во мочниот меур, преку орифициумот се влегува во десниот уретер и се оди проксимално (нагоре) до бубрегот. Се доаѓа до пиелонот (собирниот канален систем) од бубрегот и се визуелизира каменот во десниот бубрег, кој беше со големина на лешник. Кршењето се направи со помош на ласер, каменот се искрши на многу ситни камчиња, кои подоцна дедето ги исфрли преку урината. Интервенцијата ја направивме заедно со урологот доктор Даниел Петровски“, вели д-р Симеонов.

SIS

Тања Накевска, мајка на Јован, вели дека дијагностицирањето било брзо, а третманот ефикасен. Таа е доста задоволна од докторите и има само зборови на благодарност.

„Јован имаше болки од десната страна и постојано се жалеше дека го боли бубрегот.  За соработката со д-р Симеонов и д-р Трајковски, можам да кажам дека се врвни доктори и како луѓе и како доктори, одлични професионалци. Како родител бев запознаена со сите детали што и како ќе се изведува и каква е интервенцијата. Од сè сме задоволни, немаше никакви проблеми по интервенцијата“, вели мајката на Јован.

Jovan Simeoonov

Инаку, во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ изминатата година направени се 12 операции кај новороденчиња со тешки вродени аномалии. Најмалото новороденче било со тежина од 1.200 грама. Станува збор за тешки операции (атрезија на езофагус, атрезија на дуоденум, анална атрезија, дијафрагмална хернија, мезентеријална циста, циста на холедох) кои ги изведе доктор Симеонов Ристо, детски хирург, со стручен тим од болницата.

Инаку, од почетокот на годината Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ги намали за 20 проценти во просек цените на хоспиталните услуги во новата педијатриска болница, најсовремена во регионот. Новите цени се во насока и со желба болницата да биде подостапна за сите пациенти во услови на пандемијата на коронавирусот кога болничките капацитети и лекувањето воопшто се со ограничени можности. На ваков начин болницата докажува дека грижата е приоритет во кое било време. Клиниката „Аџибадем Систина“ е единствена приватна болница која хоспитализира деца со здравствени проблеми од сите специјалности и во услови на пандемија.