fbpx

ПРОФ. КАФТАНЏИЕВ И ПРОФ. КАМНАР ДЕЛ ОД ПРВИОТ МЕЃУНАРОДЕН КОНГРЕС TASES

25.03.2024

Од 21 до 24 март во организација на трауматолошката организација на Србија TASES се одржа првиот меѓународен конгрес. Како поканeти предавачи од Клиничката болница „Аџибадем Систина“, на овој конгрес беа проф. д-р Игор Кафтанџиев, специјалист по трауматологија и проф. д-р Виктор Камнар, специјалист по ортопедија.
На овој значаен собир двајцата истакнати доктори од нашата болница ги презентираа своите искуства во областа на ортoпедската хирургија и трауматологија, како и најсовремените трендoви на оперативно лекување, кои се применуваат во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.
Регистрирани беа над 300 учесници од Јужна Кореја, Германија, Австрија, Малезија, Грција, Србија, а овој конгрес им даде можност за несебична размена и ширење на нови искуства и знаење, креативни дискусии и контакти.