fbpx

ДИЈАНА МАРИНОВСКА ОД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДЕЛ ОД ИНТЕРНАЦИОНАЛНАТА ОБУКА ЗА ВОЈТА- ТЕРАПЕВТИ

26.03.2024
AS Kolazh Sliki

Над 20 физиотерапевти и лекари од целиот свет, вклучително и Тајван, Хонгконг, Англија, Индија, Саудиска Арабија, Полска и многу други европски земји, беа во детската клиника ДРК во Зиген, Германија, каде што посетија двонеделен специјален курс за обука по Војта- метод.

Единствен претставник од земјава беше м-р Дијана Мариноска, магистер по физикална терапија во педијатрија, која е дел од тимот на Клиничката болница „Аџибадем Систина“.
Војта-метод во физикална терапија кај бебињата, која единствено во земјава се применува кај нас, дава најдобри и најбрзи резултати во физикалната терапија кај бебиња што се во ризик од физичкиот развој.
Курсот се состои од теоретски и практични елементи, со главен фокус на практичната работа со пациентите.