fbpx

ПРОФ. Д-Р САРИОГЛУ „АЏИБАДЕМ СИСТИНА”СТАНУВА РЕФЕРЕНТЕН ЦЕНТАР НА БАЛКАНОТ ЗА ДЕТСКА КАРДИОХИРУГИЈА

17.12.2019

Неколку успешни кардиохируршки интервенции кај деца изведе тимот специјалисти во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Кардиохируршкиот оддел во Клиниката е формиран од неодамна, а првите операции кои се изведуваат во соработка со ФЗОМ ја зацврстуваат лидерската позиција на „Аџибадем Систина“ во земјава, но и во регионот. Интервенциите кај деца кои се исклучително специфични се изведуваат во соработка со доктори специјалисти од Аџибадем од Истанбул. Станува збор за докажани доктори во оваа специјалност, а д-р Тајар Сариоглу вели дека „Аџибадем Систина“ во иднина ќе стане референтен центар за детска кардиохирургија на Балканот. Сариоглу е детски кардиохирург од болницата Аџибадем Бакаркој од Истанбул, самиот е пионер на детската кардиохирургија во Турција.

Од неодамна во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ функционира Детскиот кардиохируршки оддел. Кои се плановите и идната стратегија?

„Аџибадем Систина“ како болница е многу добро организирана и опремена со најмодерна технологија. Веќе води успешна кардиохиругија за возрасни и многу ми е драго што развојот е континуиран. Сакам да кажам дека предвидено е „Аџибадем Систина“ во иднина да биде посебен центар за кардиохирушки интервенции за деца, единствен во регионот. Планот е сите интервенции од овој тип од сите околни земји да се изведуваат овде. Првата мисија ја реализиравме – веќе се извршени неколку кардиохируршки интервенции кај деца. Морам да кажам дека тимот на „Аџибадем Систина“ покажа одличен резултат и направи одлична работа. Со цело срце им честитам прво на д-р Владимир Чадиковски, но и на целата екипа во интензивна нега, на сите сестри перфузионисти, значи на целата екипа. Секако и ние сме тука да дадеме поддршка на оваа мисија. Од сега се гледа дека оваа Клиничка болница ќе биде референтен центар за целиот Балкан.

Споменавте и вие, веќе се извршени првите интервенции. Какво е искуството?

Првично се оперираа две бебиња. Ние набљудувавме. Стануваше збор за комплицирани случаи, но со задоволство велам дека сега децата можат да си го продолжат животот квалитетно. Проблемите кои ги имаа децата се отстранија и добивме одличен резултат. Така беше и со следните две интервенции.

 

il xN tq

Значи не изостанува поддршката и од вас, искусните лекари од Турција кои го надгледуваат процесот?

Мисијата ја водиме на чело со проф. д-р Јусуф Јалчинбаш, тој беше посветен на сите страни и затоа му благодарам. Исто така особена благодарност и до проф. д-р Ерсин Ерек, проф. д-р  Ахмет Арназ кои има огромен придонес, но и другите колеги, анестезиологот д-р Аднан Јуксек, перфузионистите, сестрите од интензивна нега, техничарите, сите кои се дел од оваа екипа. „Аџибадем Систина“ е одличен центар, верувам и знам дека оваа болница ќе биде референтен центар за детска кардиохирургија и кардиохиругија воопшто.

Вклучени  во одделот се и проф. д-р Арда Сајгили и д-р Осман Гувенч. Ги потенцирам затоа што имаа значаен придонес. Болниците од „Аџибадем Истанбул” и  „Аџибадем Систина“ ќе имаат поголема соработка во иднина и тоа е нешто што ќе даде одличен резултат.

Какво е вашето искуство?

Може да се каже дека имаме над 30 години искуство, досега сме направиле над 15 илјади кардиохируршки операции кај деца. Голем број од овие пациенти се од Балканот, од Средниот Исток, но и од Турција. Имаме голем број пациенти од Босна и Херцеговина, Романија.  Сите ние предаваме на Универзитетот во Истанбул, а секако ќе бидеме повеќе од среќни што ова искуство ќе го пренесеме тука и ќе дадеме максимална поддршка. Чекор по чекор, а доколку има некои пациенти кои не можат да се третираат тука, ако е потребна итна интервенција, ние сме подготвени да им дадеме поддршка во Истанбул. Сепак, планот е „Аџибадем Систина“ да биде центар каде што ќе се третираат сите пациенти кога станува збор за деца.

Кои се најчестите аномалии и проблеми кај кои се интервенира?

Вродени срцеви мани има над 200 типа – тоа се всушност вродени кардиолошки заболувања. Секое новородено дете може да има проблем. Кај 30 отсто од бебињата кај кои е дијагностициран проблем потребна е итна интервенција односно итно третирање. Доколку не се третираат, можно е, за жал, децата да починат. Поради таа причина во педијатриската кардихиругија многу се важни операциите кои се прават во првиот месец од раѓањето. Нашите искуства се доста успешни и со гордост зборувам за тоа. Успешноста на тие 15.000 кардиохируршки операции е над 95 отсто. Се надевам дека ова искуство ќе го продолжиме и во „Аџибадем Систина“.