fbpx

Д-Р ХРИСТОВСКИ МЕ ГЛЕДАШЕ КАКО НЕГОВ СИН

19.12.2019

Дваесет и шестгодишниот Никола Ѓорѓевски до пред четири месеци со страв размислувал за иднината – да оформи семејство и да биде сигурен дека самиот ќе биде здрав и силен да води нормален живот. Секојдневието и извесноста на неговата иднина сега имаат друга димензија. Ѓорѓевски се чувствува добро по интервенција на срцето, која ја имал во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Неговиот проблем е долгогодишен, а Никола редовно го контролирал. Сепак, потешкотиите што ги имал, како и информациите што ги добил, го охрабриле да дојде во „Аџибадем Систина“ – најголем потстрек да оди до интервенцијата сепак е чувството на сигурност – дека ќе добие ефикасен третман и грижлив однос, како и дека по сè, сепак ќе има живот како и сите здрави луѓе. Ме охрабри таа емоција. Ја сакав извесноста, сигурната иднина, а почувствував дека овде ќе ја обезбедам. Потоа на секои два месеца доаѓав на контрола цела година. Следуваше и интервенцијата“, ја почнува емотивно својата приказна Ѓорѓевски.

nikola

ПРИТИСОК НА СРЦЕТО

Задоволството сепак е двонасочно. Д-р Христовски вели дека пациентот наскоро повеќе и нема да прима терапија и ќе може да оформи сeмејство и да води нормален живот. А во „Аџибадем Систина“ дошол со дијагноза дефект на меѓукоморната преграда во тенкиот мембронозен дел на истата, таку каде што е потешко да се изведе некоја интервенција. Поради тоа и со години хируршка интервенција не била препорачана. Сепак, болката во градите и заморот го донеле Никола во „Аџибадем Систина“. „Кај нас првичната одлука била – да се упати на контролен ултразвук кај доктор Марина Јуруковска. Таа го водеше неинвазиниот дел, а понатаму се вклучи и д-р Пројевска со консултации и соработка. Проблемот не бил занемарлив затоа што кај Никола дел од зголемениот притисок што се создава од проблемот на срцето ги оптоварува и белите дробови и ги прави подложни на инфекции, а понатаму го оптоварува срцето и на долги патеки прави промени во структурата на срцето.

ГЕРБОДЕ ДЕФЕКТ

Неколкуте прегледи претходно и волјата да му се помогне на најдобар можен начин резултирале со повик Никола да дојде на консултација и кај доктор Јарослав Јанушка од Чешка, кој е ментор за овој вид процедури и пријател на Клиничката болница „Аџибадем Систина„ – за да му се потврди дијагнозата и евентуално да се изврши интервенцијата. Сепак, во текот на процедурата било утврдено дека тој има многу редок дефект наречен Гербоде дефект. Тоа впрочем значи комуникација на десната и левата преткомора на срцето. Во интервенцијата бил вклучен и кардиохирушкиот тим, а имало и кардиохируршка сала на стенд-бај.

ЕДЕН ОКЛУДЕР

„Откако направивме план како тоа ќе се изведе, го викнавме Никола, пациент кој многу го засакавме и тоа не само како пациент туку и како младо момче. Сакавме да постигнеме максимален успех, нешто што во услови на приватна болница ни го овозможува соработката со Фондот за здравствено осигурување, со стенд-бај хируршка сала, комплетна екипа на интервентни кардиолози и неинвазивни кардиолози. Завршивме една голема работа. Станува збор за несекојдневна интервенција и премногу сме задоволни, затоа што ова во нашата болница се изведува за првпат. Оваа приказна ќе биде претставена на нашите следни конгреси. Импресионира самата манипулација на поставување на таа направа кај вродениот дефект на срцето кај пациентот“, вели д-р Христовски. Докторот објаснува дека ако ова не се направело, би требало да се прави класична хируршка интервенција или операција на отворено срце. А во медицината, како и во животот се бараат решенија со помалку агресивни интервенции.

Кај Никола уште следниот ден по затворањето на дефектот, се преполовиле притисоците во белодробната циркулација. „Станува збор за млад човек и ние најверојатно кај него трајно го решивме проблемот. Ќе бидеме многу среќни во перспектива доколку го видиме ова момче среќно. Сакам да го гледам насмеан исто како што сакам да го гледам и мојот Никола“, вели емотивно докторот. Среќен е Никола и што најверојатно по шест месеци повеќе и нема да има потреба од терапија.

nikola

НИКОЛА: МЕ ГЛЕДАА КАКО СВОЕ ДЕТЕ

Инаку, присуството на докторот од Чешка исто така имало доста влијание. Д-р Христовски вели дека тој е голем пријател на нашата земја и дека соработуваат долги години. Пријателството резултира и со професионален напредок на Одделот за кардиологија. Наместо пациентите да одат во странство, д-р Јанушка доаѓа во Македонија и несебично помага со сето свое знаење. А Никола нема зборови – како и да ги има кога, целиот тим навистина го обожава. Неговата младост на сите им била ветер во грб. Тој заслужува да биде како и сите врсници, да има во иднина свое семејство и да биде столб на истото.