fbpx

ПРОФ. Д-Р ЈОРДАН САВЕСКИ ПОКАНЕТ ПРЕДАВАЧ И МОДЕРАТОР НА 42. СВЕТСКИ КОНГРЕС НА ОРТОПЕДИ И ТРАУМАТОЛОЗИ – SICOT

18.10.2022

Проф. д-р Јордан Савески беше еден од поканетите предавачи и модератор на сесија на 42. Светски конгрес во организација на престижното Меѓународно друштво на ортопеди и трауматолози SICOT, кој се одржа од 28 до 30 септември во Куала Лумпур, Малезија. На настанот присуствуваа над 2 500 доктори од светот, а теми на предавањата на проф. Савески беа политраума и операција за контрола на повредата (damage control surgery), модерен третман на фрактури на карлица, хируршки приоритети кај политрауматизирани пациенти, хирургија на фрактури на ацетабулум, третман на фрактури на цервикален ‘рбет.

saveski

„Поканата за учество ја добив како траума-член на комитетот на SICOT во кој членувам во последните дваесет години. Посебна чест е да се учествува на овие собири затоа што на конгресот присуствуваат доктори од целиот свет, така што го споделив моето искуство од случаите што ги работам во ‘Аџибадем Систина’. Научната програма на овој конгрес е со највисоки стандарди, огромна чест е да се биде дел од овој настан. Моја препорака е да се учествува на вакви конгреси, бидејќи таму се презентира сопствената работа која е изложена на дискусија, критика или пофалба, со цел напредување во струката. Хирургот мора да има замислена цел кон која треба да се стреми и да ја достигне. За мене лично, тоа беше Американската академија на ортопеди, како и многу конгреси, од кои светскиот конгрес е од највисоката класа. Сето ова е за доброто на пациентите“, додава проф. д-р Савески.

saveski

Меѓународното друштво за ортопедска хирургија и трауматологија (International Society of Orthopedic Surgery and Traumatology) е една од најпрестижните меѓународни асоцијации на чии конгреси секоја година присуствуваат голем број доктори од светот.

saveski

Проф. д-р Савески е еден од најрепрезентативните предавачи, со оглед на тоа што неговите предавања секогаш отвораат интересни дискусии и предизвикуваат внимание. Во своето богато 52-годишно професионално искуство и експертиза, проф. Савески учествувал на повеќе од 100 конгреси, а има и издадено многу научни трудови и неколку книги.

saveski kongresi