fbpx

ПРОФ. Д-Р АНДРЕЈ ПЕТРОВ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ДЕРМАТОВЕНЕРОЛОЗИ

03.12.2021

Со гордост ве известуваме дека проф. д-р Андреј Петров, дерматовенеролог, е избран за претседател на Здружението на дерматовенеролози на Македонија. Можноста да се предводи ова еминентно здружение во следниот мандат од 4 години е признание за довербата која проф. д-р Петров ја има од колегите дерматовенеролози, но и довербата која секојдневно му ја даваат пациентите. Ваквото признание е успех и за нашата болница како негова матична институција и потврда за реномето на целиот дерматовенеролошки оддел на „Аџибадем Систина“. „Признанието кое го добив на скорешното собрание на Здружението на дерматовенеролози за мене е голем успех, но и предизвик. Како претседател ќе се заложувам за напредок и развој на ова поле од медицината со цел пациентите да имаат можност да ја добијат најдобрата здравствена грижа. Со оглед на тоа што мојата матична болница е од приватниот сектор, ова ќе биде и одлична можност за размена на искуства помеѓу приватното и јавното здравство. Примарната цел е да се насочиме кон пациентите и нивните потреби, да ги унапредуваме процесите и протоколите за работа и да го зголемиме задоволството на пациентите“ вели проф. д-р Петров. Му посакуваме успех во работата и идните предизвици на проф. д-р Андреј Петров, кој е значаен члeн на нашиот тим.