fbpx

ПО ДОЛГИ 48 ДЕНА И НОЌИ НА НЕОНАТАЛНА ИНТЕНЗИВНА НЕГА, ЕДЕН И ПАРТА СИ ОДАТ ДОМА

31.10.2022

„Нашето патување во болницата ‘Аџибадем Систина’ започна во август годинава, еден месец пред раѓањето на моите две бебиња. Со голема посветеност и грижа на д-р Гордана Петровска и целиот гинеколошки персонал, по еден месец родив предвреме родени бебиња, па следствено на тоа, мораше да го започнат својот животен пат на интензивна нега. Не беше лесно да се помисли дека имам две бебиња на интензивна нега, со постојани дилеми и прашања дали ќе ја извојуваме оваа битка. Еден и Парта се родени на 11 септември, во 28. гестациска недела, со родилна тежина од 1 200 и 1 400 грама. Но, со голема поддршка од сите прекрасни медицински сестри и лекари и најдобрата д-р Радица Муратовска, успеавме во тоа. По долги 48 дена и ноќи, но со најдобра грижа, моите две бебиња денес се подготвени за патување. Подготвени сме да ја напуштиме болницата како комплетно семејство. Засекогаш благодарни на сите медицински сестри и лекари што ни го овозможија тоа“, сподели семејството Бајрактари, горди родители на Еден и Парта.