fbpx

Писмо – До Клиничката болница „Аџибадем Систина”, д-р Јордан Савески и неговата екипа

27.01.2015

Писмо – До Клиничката болница „Аџибадем Систина”, д-р Јордан Савески и неговата екипа

 

Да си родител е прекрасно и незаменливо чувство што ниту едно богатство на светов не може да го замени. Мојата приказна започнува со сообраќајна несреќа во Урошевац каде беше повреден мојот син Ардит. По несреќата веднаш беше пренесен во болница во Приштина. По завршување на прегледот, докторите ни соопштија дека Ардит има скршеница на 5-тиот пршлен на `рбетот, и дека можно е детето да остане во количка цел живот.

Како мајка едноставно не можев да се помирам со реалноста, дека моето дете засекогаш ќе остане врзано за количка. Следуваа многу прашања и одговори. Барав одговори, што е тоа, дали се лекува, каде да се обратам. Докторот само ми соопшти дека единствен начин е хируршко лекување во странство.

Во тој миг започна мојата битка. Многубројни консултации и мислења во
речиси сите здравствени установи во Македонија и други земји, но не добивме ниту едно решение и одговор. Сите беа со став дека станува збор за сложен проблем,
кој може да се реши само со операција, но не ни даваа никаква гаранција, дека моето дете ќе застане на нозе.

Мојот најголем страв беше како ќе се чувствува моето дете Ардит, како ќе ги
издржи интервенциите. Бев подготвена да заменам сè за здравјето на моето дете.
Многу прашања беа сенка на мојот пат, патот на животот на моето дете. Се
прашував дали сите родители кои имаат дете со ваква повреда се толку тажни и беспомошни.

Поминуваа денови, денови, недели, но немаше никакво решение.

По 7 изминати денови поминати во барање спас за моето дете, конечно, добив
уште една шанса. Во разговор со пријател од Скопје ми ја препорача
Клиничката болница „Аџибадем Систина“ велејќи ми дека таму е најдобриот
доктор за овој проблем, проф. д-р Јордан Савески.

Одлучив. Спасот за моето дете да го барам токму кај проф. д-р Јордан Савески.
Првиот преглед ни беше закажан за во декември. Со нетрпение ја чекав нашата
средба и откако докторот ми соопшти дека Ардит треба да се оперира,
неизбежно беше моето прашање дали сè ќе заврши со само една интервенција.
Во неговиот глас имаше смиреност, сигурност и стручна подготвеност која ми
даде силна верба дека сè ќе биде во ред и, конечно, ќе се најде решение за
моето дете. Си помислив дека вредеше што чекав толку долго време.

Додека траеше операцијата на Ардит чекањето беше претешко. Секоја
минута изгледаше како час, а секој час вечност…

Но, за среќа, сè помина во најдобар ред. Болката престана кога горките
солзи станаа радосници, темниот облак го снема и Ардит повеќе ја немаше
аномалијата.

Од се срце му благодарам на проф. д-р Јордан Савески, кој ми дозволи уште
еднаш да ја почувствувам оваа радост, кога ништо на светот не е поважно и
подрагоцено од здравјето на мојот Ардит. Сега Ардит безгрижно ужива во
детските денови, а ние сме најсреќните родители гледајќи го како се
опоравува, расте и е здрав.

Голем поздрав и голема благодарност од таткото на Ардит, Нуредини Ќазим. Сето ова не би било возможно без почитуваниот доктор проф. д-р Јордан Савески и анестезиологот д-р Александар Крстевски. Вие сите заедно засекогаш ќе бидете дел од нашето големо семејство.