fbpx

Една година од отворањето на првиот ПЕТ центар

29.01.2015

Една година од отворањето на првиот ПЕТ центар

 

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ги презентираше резултатите од работата на ПЕТ центарот. Измината година се направени 200 снимања, а бенефитот од оваа современа дијагностичка процедура го почувствуваа докторите и пациентите. Најголем дел од снимањата се пациенти со лимфоми.

 

 

 

 

 

 

 

Искуствата и резултатите од едногодишното постоење на првиот ПЕТ центар во регионот беа презентирани од специјалистите по онкологија и радиотерапија, нуклеарна медицина и хирургија. Од изработените ПЕТ скена, најчеста патологија во нашиот ПЕТ центар се лимфомите, околу 40% од вкупниот број пациенти, потоа малигните меланоми со 30%, а другите 30% отпаѓаат на другата патологија, како колоректален карцином, карцином на дојка во напреден стадиум, карциноми на глава и врат, карциноми на машки и женски полови органи, саркоми и др.
„ Прелиминарните искуства покажуваат дека дијагностичката сигурност на оваа метода има влијание во креирање на понатамошниот третман, особено во онкологијата. Освен во онкологијата се користи и во кардиологија и неврологија. Горди сме што можеме да кажеме дека досега се снимани 200 пациенти, што е одлична бројка со оглед на тоа дека ПЕТ центарот досега функционира само со приватни пациенти. Компарирано со други центри, како на пример во Германија, по инсталирање на првата ПЕТ/КТ , во првата година од работењето се направени околу 650 скенови, што со оглед на вкупниот број популација во оваа земја е релативно помалку во однос на нашата бројка“, објаснува д-р Лилјана Муратовска, шеф на Одделот на нуклеарна медицина и ПЕТ центарот во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

 

[widgetkit id=30]

ПЕТ/КТ во онколошкиот третман

Изминатава година ПЕТ/КТ апаратот најголема примена имал во одредување на стадиумот на болеста, оценување на ефектите од терапијата и дијагностицирање на метастатска болест.
„Во однос на одредување на стадиумот на болеста најчесто се упатуваа пациенти со карцином на бели дробови, тумори на глава и врат и тумори на тестиси. Резултатите од ПЕТ/КТ ни даваа насоки за правилно да ги креираме понатамошните чекори во лекувањето т.е, дали ќе почнеме со хируршки, онколошки или радиотераписки третман. По дијагностицирање на метастатска болест, или ка лого-регионална напредната болест, каде што се почнува првично со онколошки третман, по третманот се прави ПЕТ/КТ со цел да се види колку е ефикасна терапијата. И доколку има одговор од терапијата се прави промена на понатамошниот тек на лекувањето со хируршки или зрачен третман“, објаснува д-р Дева Петрова, шеф на Центарот за онкологија и радиотерапија во „Аџибадем Систина“.

За ПЕТ центарот во „Аџибадем Систина“

ПЕТ центарот во „Аџибадем Систина“ е првиот центар од ваков вид во Македонија и во регионот. Најсовремениот ПЕТ центар, дизајниран и изграден по сите светски стандарди, опремен со најсовремена ПЕТ/КТ камера, може да ги пружи сите врвни нуклеарно медицински-дијагностички услуги на модерното време. ПЕТ/КТ апаратот во светот е прифатен како најефикасна техника за снимање. Се употребува во поставување на дијагнозата, одредување на стадиумот на болеста, како и проценка на ефектите од терапијата на канцерот, а истата помага и при планирање на радиотерапијата кај повеќето карциноми. Овозможува рана и точна дијагноза на канцерогени клетки и ја утврдува точната локализација на туморите.