fbpx

НОВО: 7 ДЕНА ВО НЕДЕЛАТА ДОСТАПНА УСЛУГАТА „HOME LAB“

06.11.2023
AS Homelab Nov FB MK

За поголема достапност на услугите што ги нудат дијагностичките лаборатории во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, услугата „Home Lab“ овозможува можност за земање материјал за лабораторија од дома отсега и за време на викенд.

Стручна и професионална мобилна екипа од болницата, со високо опремено возило, доаѓа во вашиот дом бесплатно, по што примероците безбедно и бргу се транспортираат за лабораториска анализа во Дијагностичките лаборатории на „Аџибадем Систина“.

Добивањето на резултатите зависи од нарачаната лабораториска услуга (примерок крв, урина, брис од нос, уво или грло), односно потребното време за изработка на анализата, така што резултатите се доставуваат електронски.

Мобилната екипа за земање примероци за лабораториски анализи од вашите домови е достапна само на територијата на град Скопје, секој ден во периодот од 9 до 11 часот. За користење на услугата, потребно е пациентите еден ден претходно да извршат закажување во контакт-центарот на телефонскиот број 02 3099 500, од каде што ќе добијат детали за услугата и упатство за подготовка за бараната анализа.

Одделот за дијагностички лаборатории при Клиничката болница „Аџибадем Систина“ нуди комплетен спектар на лабораториски услуги, брзи и точни резултати. Високата стручност и професионалност и постојаното имплементирање на современи протоколи во работењето на Дијагностичките лаборатории резултираа со доделување на акредитацијата ISO:15189. Овој стандард гарантира континуирана контрола на квалитет во медицинските лаборатории. Со имплементација на овој стандард, резултатите се признаени како во нашата земја, така и во секоја држава во светот. Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е акредитирана и според највисоките JCI-стандарди за безбедност и квалитет.

Важни препораки и насоки за подготовка на пациентите за лабораториски анализи пред тестирање

Каталог на лабораториски услуги