fbpx

М-Р СРЕЌКО РАЈОВСКИ СО УЧЕСТВО НА ВТОРИОТ КОНГРЕС НА МОЛЕКУЛАРНИ БИОЛОЗИ COMBOS2

03.11.2023
srekkko

Од 6 до 8 октомври во Белград се одржа вториот меѓународен конгрес на молекуларни биолози CoMBoS. На овој конгрес беа опфатени голем спектар на теми од современата биологија, а на едно место се сретнаа и разменија свои идеи многу познати научници и признати експерти.

Посебен дел од конгресот е посветен и на млади научници кои имаат прилика преку свои презентации да се го изнесат своето искуство во молекуларната биологија.

Претставник од Клиничката Болница „Аџибадем Систина“ на Вториот конгрес на молекуларни биолози беше м-р Среќко Рајовски, менаџер за Бизнис и развој на Дијагностички лаборатории. Тој на овој реномиран конгрес се престави со темата „Проценки на поврзаност на генетски промени во mikro RNA гени со машки инфертилитет кај популација на Македонија“.