fbpx

НЕУМОРНИ ХУМАНИСТИ – ВРАБОТЕНИТЕ ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДАРУВАА 138 КРВНИ ЕДИНИЦИ

26.07.2023

Вработените во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, кои секојдневно помагаат и се грижат за здравјето на пациентите, вчера со уште една активност, преку дарување крв, докажаа дека хуманоста е нивна одлика, која во континуитет ја негуваат и поддржуваат. Крводарителството има значајна и важна улога во спасувањето животи, а крвта и крвните продукти се неопходни за лекување на болните и повредените.

Токму тоа беше еден од главните мотиви 138 вработени во „Аџибадем Систина“ вчера да даруваат крв во акцијата која се спроведе во соработка со општинската организација на Црвен крст – Карпош и Институтот за трансфузиона медицина.

Почнувајќи од 2010 година, кога се организираше првата крводарителска акција во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, се’ до денес, во континуитет се одржуваат по неколку крводарителски акции годишно.