fbpx

Недела на здравјето во „Аџибадем Систина“

12.04.2014

Недела на здравјето во „Аџибадем Систина“

„Аџибадем Систина“ својот 4. роденден го прослави со граѓаните. Во текот на „Неделата на здравјето“ беа организирани интересни предавања од тимот доктори. Во првиот дел граѓаните имаа можност да дознаат повеќе за еC02 ласерот, ботокс и филери и да научат како да го подготват телото за спорт во лето.

[widgetkit id=4]
Вториот дел од предавањата беше наменет за пациентите со канцер. Докторите во „Аџибадем Систина“ објаснуваа што е канцер и како да ја добијат битката со оваа болест. Исто така, имаа можност да чујат и за можностите на апаратот ПЕТ/КТ. Граѓаните, кои пројавија голем интерес, можеа интерактивно да се вклучат со свои прашања, размислувања и сугестии.

Како благодарност за нивниот интерес и учество сите присутни добија подарок од нашата болница, вредносен ваучер во износ од 2000 денари кој ќе може да го искористат за услугите во болницата.

{backbutton}