fbpx

Mehmet Ali AYDINLAR

Заменик председател на Одбор на директори

Мехмет Али Ајдинлар е претседател и главен извршен директор на Здравствената групација „Аџибадем“’, како и претседател на Управниот одбор на Групацијата „Аџибадем“. Тој е, исто така, претседател на Бордот на доверители на Универзитетот „Аџибадем“, член на Бордот на директори на „Integrated Healthcare Holdings“, Малезија, односно втората најголема здравствена групација во светот, и на нејзината подружница „Parkway Pantai Limited“, од Сингапур, претседател на Турската асоцијација на акредитирани болници.

Мемет Али Ајдинлар, лиценцираниот сметководител кој потоа станал претприемач, отсекогаш бил признаван за своето обемно искуство во менаџмент и ангажирањето во здравствениот сектор од отворањето на првата Аџибадем институција, односно малата општинска болница во Истанбул во 1991 година. Во 2006 година тој ја добива титулата „Претприемач на годината” како резултат на истражување изведено од страна на списанието Економист и титулата “Извршен директор на годината” доделена од страна на весникот Дија (Dünya) и Школата за бизнис и администрација при Универзитетот во Истанбул.

Тој е, исто така, избран за „Лице кое има најголем придонес во развојот на здравствениот сектор” од страна на Турската здравствена организација на волонтери. Г. Ајдинлар има добиено и „Награда за значајни услуги од страна на националното собрание на Турција” во 2010. Пред извесно време неговиот филантропски став е признаен и од страна на списанието Капитал, како еден од првите 10 бизнисмени со најголем број донации за добротворни цели во последните 10 години.