fbpx

КОМПЛЕТНА ПЕДИЈАТРИСКА ГРИЖА СО СИТЕ СПЕЦИЈАЛНОСТИ НА ЕДНО МЕСТО И 15% ПОПУСТ НА СИТЕ ПРЕГЛЕДИ

18.09.2023

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРЕПОЗНАТЛИВ ПЕДИЈАТРИСКИ МЕДИЦИНСКИ ЦЕНТАР

Во амбулантско-поликлиничкиот и хоспиталниот дел на Детскиот оддел во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ работат над 25 искусни педијатри, супспецијалисти по детска општа и кардиохирургија, детска кардиологија, детска ревматологија, детска пулмоалергологија, детска неврологија, детска нефрологија, детска хемато-онкологија, детска гастро-ентерохепатологија. Во рамки на болницата има и развојна педијатрија, ортопедија, детска анестезиологија, детска дерматологија, детска радиологија, детска оториноларингологија, детска диетологија и нутриција, како и офталмологија. Дополнително во делот за развојно следење, нашиот тим е збогатен со дефектолог, логопед, детски психијатар и семеен терапевт. Овие врвни и искусни професионалци, заедно со другите доктори специјалисти во болницата и посебно обучениот средномедицински персонал, овозможуваат  достапност до сите медицински услуги за кои има потреба во детската возраст.

„Во амбулантскиот дел со дневна болница и педијатриски ургентен центар, како и неколкуте хоспитални оддели (педијатрија, неонатологија и детска кардиохирургија со интензивно лекување) на годишно ниво се нудат над 15 илјади специјалистички прегледи. За посебно одбележување е и функционирањето на Одделот за неонатална интензивна нега и Одделот за педијатриска интензивна нега, единствени од ваков тип во приватниот здравствен сектор кај нас, кои обезбедуваат третман и медицински транспорт на новородените и децата што се во критична здравствена состојба и имаат потреба од интензивна нега и терапија“ – изјави прим. д-р мед. науки Душко Фидановски, раководител на Детскиот оддел.

Детскиот оддел во „Аџибадем Систина“ со својата единствена концепција овозможува изведување на сите дијагностички и тераписки процедури на едно место во амбулантско-поликлиничкиот дел или на хоспиталниот оддел, ефикасно и во најкус временски рок. Болницата располага со најсовремени дијагностички процедури (ултразвук, рендген, компјутерска и магнетна резонанца) и искусни доктори кои се од различни супспецијалности, па се нуди интердисциплинарен пристап во давањето здравствени услуги кај децата, со што се овозможуваат дијагноза и третман на болното дете за многу кратко време. Секако, треба да се има предвид и фактот дека сето тоа се одвива на едно место во болничко опкружување, кое е особено приспособено и дизајнирано да им обезбеди пријатен престој на децата и да го намали стресот за време на изведувањето на медицинските процедури.

Ваквиот единствен концепт на нудење на сите потребни медицински услуги на едно место, за краток временски период и од врвни професионалци што работат во болницата, во пријатно опкружување, е една од главните предности со кои особено се гордее Клиничката болница „Аџибадем Систина“. 

ВОВЕДУВАЊЕ НОВИ ДИЈАГНОСТИЧКИ ПРОЦЕДУРИ

Бидејќи Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и Детскиот оддел прераснуваат во препознатлив медицински центар не само во нашата земја туку и во регионот, во идниот период со ист интензитет се продолжува континуираното вложување за растот и развојот на овој оддел.

„Како еден од идните планови е просторното проширување на сите одделенија во Детскиот оддел и воведување на нови дијагностички и тераписки процедури од сите супспецијалности на педијатријата, особено од: детската хематоонкологија, нефрологија и гастроентерохепатологија. Со оглед на покажаниот интерес за воспоставување на соработка од други здравствени и образовни институции во земјава и барањето за упатување на млади медицински кадри за едукација во нашата болница, особено на Детскиот оддел, наскоро во план е создавање на сопствен едукативен медицински центар каде што нашите доктори би можеле да ги пренесуваат стекнатите знаења и вештини со користење на современи едукативни методи, со што би придонеле во создавањето на нов и добро едуциран високостручен медицински кадар“ – вели д-р Фидановски.

15% ПОПУСТ НА СИТЕ ПРЕГЛЕДИ ВО ПЕРИОДОТ ОД СЕПТЕМВРИ ДО КРАЈОТ НА ДЕКЕМВРИ

Во периодот од септември до крајот на декември сите прегледи на Одделот за педијатрија во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ќе бидат намалени за 15%. За резервација на термин за консултација и преглед, потребно е да се јавите на 02 3099 500.

НАЈСОВРЕМЕН ПЕДИЈАТРИСКИ УРГЕНТЕН ЦЕНТАР

Многу состојби во детската возраст бараат ургентен пристап и брза реакција. Високата температура, повраќање, дијареја, повреди се само дел од проблемите што предизвикуваат паника кај родителите, особено доколку тие се случуваат во текот на  ноќните часови. Целта е да се одговори на потребите на најмалите во моменти кога тоа е најпотребно. Педијатрискиот ургентен центар е конципиран според примерот на светските реномирани ургентни центри. Тоа го прави водечки педијатриски центар во целиот регион. Во него работи мултидисциплинарен тим на искусни доктори, кои може да ги третираат сите болести поврзани со детската возраст. Секоја состојба се третира индивидуално, со што се обезбедува најдобриот можен третман за секое дете. Ургентниот центар работи 24 часа секој ден во неделата.