fbpx

ИЗВЕСТУВАЊЕ

18.09.2023

Почитувани пациенти,

Ве известуваме дека во болницата започнаа да функционираат два посебни влезови – главен влез и ургентен влез. Заради пoдобра ориентација, двата влеза се соодветно означени со големи светлечки тотеми, а  дополнително, ургентниот влез и целата патека на движење на пациентите што се упатуваат кон ургентниот центар е означен со црвена боја.

Ве молиме, доколку доаѓате во болницата за користење на кои било здравствени услуги или за посета, да го користите главниот влез на болницата. Ургентниот влез користете го само во итни состојби.

Дополнително, за да го олесниме пристапот до нашата болница, го проширивме паркинг-просторот со над 100 нови паркинг-места. На целокупниот надворешен простор, поставени се рампи, знаци и насоки, со цел непречено движење на автомобилите. Паркингот е бесплатен за сите корисници на здравствени услуги на болницата.

Ве молиме да ги почитувате новите правила, со цел да го оставиме ургентниот влез за лицата што имаат итна потреба за посета на доктор.